Saturday, March 22, 2025
12.8 C
Skopje

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ТОШКОВСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 44 ГОДИНИ САЕ ТИГАР: ЕЛИТНА ЕДИНИЦА КОЈА Е ВРВ ВО ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, СТРУЧНОСТ И ОБУЧЕНОСТ

Денеска, (13.03.2025), во касарна Илинден во Скопје се одржа свечено одбележување на 13 Март

– Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ и 44 години од постоењето на единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност во рамките на МВР. Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ Тигар беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Владата, МВР и семејствата на загинатите припадници на единицата.

Министерот Тошковски истакна дека САЕ Тигар од аспект на професионализмот, стручноста и обученоста на своите припадници, претставува вистинска гордост како на министерството за внатрешни работи така и на цела Македонија. „Македонија е горда на своите Тигри. Оваа високоспецијализирана полициска единица, една од најсложените во безбедносната структура на МВР, секогаш во секое време е целосно подготвена, ефикасна и обучена, технички и човечки опремена до перфектност, се со цел брзо и ефикасно извршување на специфичните и сложени задачи кои ги има во секојдневното работење.“, потенцираше министерот Тошковски во обраќањето.

Министерот Тошковски нагласи дека министерството ќе продолжи со континуираниот развој и поддршка на единицата во насока на материјално-техничко унапредување од секој аспект со цел продолжување на врвната ефикасност  и ефектуирање на резултати на единицата. Командантот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Драган Прокоповски ја потенцираше храброста, професионалноста и пожртвуваноста на припадниците на единицата и се заблагодари на раководството на министерството што ја препознава вредноста на единицата и ја става на врв на приоритетите во вложувањето и своите планови за унапредување и поддршка. „Со соработка, дисциплина и професионалност, со брзо и енергично дејствување ќе останеме ударната сила на Министерството за внатрешни работи, сила која секој непријател ќе ја почитува, а секој граѓанин ќе ја доживее како гарант на мирот и безбедноста“, истакна командантот Прокоповски.

Прокоповски потсети на седумте припадници на Специјалната антитерористичка единица-Тигар кои вршејќи ја својата должност, штитејќи го уставниот поредок, мирот и безбедноста, ги загубија своите животи.

„Нивните имиња ќе бидат вечно врежани во историјата на нашата единица, а нивниот дух ќе продолжи да живее во секој припадник на оваа горда единица“, заврши командантот Прокоповски.

Од страна на припадниците на САЕ – Тигар беше реализирана и видео презентација на активностите на единицата за 2024 година, а во знак на одбележување на 44 години од формирањето на единицата беа доделени и плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2024 година, беа доделени плакети на припадниците за 5, 10, и 20 години служба во единицата, и плакети на соработници и пријатели на единицата. На крајот од свеченото одбележување присутните ја посетија и Спомен куќата на САЕ „Тигар“.

ОВАА НЕДЕЛА

ШЕКЕРИНСКА: ВО ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОДБРАНА ЕУ ДА ВКЛУЧИ И СОЈУЗНИЦИ КОИ НЕ СЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНКИ

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи...

ТОШКОВСКИ: ЦЕЛОСНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, МВР РАБОТИ СО СИТЕ СВОИ КАПАЦИТЕТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава...

НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ: „ДА ОДГОВАРААТ СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА КОЧЕЛЕ ПРАВДАТА“

Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат...

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА ВЕДАТ: ОБДУКЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА УТВРДИ ЛЕКАРСКАТА ГРЕШКА

Кумановското обвинителство отвори предистражна постапка за случајот со смртта...

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТАНУВА ОТВОРЕНА ЗА ПРИЕМ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ