Thursday, April 17, 2025
21.8 C
Skopje

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ТОШКОВСКИ И РИСТОВСКИ: ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА МВР Е КЛУЧНА АЛКА ВО СИСТЕМОТ НА БЕЗБЕДНОСТ, СО МЕЃУРЕСОРСКА СОРАБОТКА ДО ПОДОБРА СПОРТСКА ИНФРАСТРУКТУРА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски остварија работна посета на Центарот за обука на МВР, каде што е во тек сеопфатна реконструкција на постоечките капацитети.

Овој центар е клучна алка во системот на безбедност, каде што се обучуваат и подготвуваат идните полициски службеници и токму затоа вложувањето во неговата инфраструктура е вложување во стабилноста и безбедноста на државата.

„Со министерот разговаравме за можностите за меѓуресорска поддршка, особено во делот на спортската инфраструктура, односно спортските терени, полигонот, игралиштата и базенот.

Особено загрижува состојбата со базенот, кој иако бил реновиран претходно, воопшто не е ставен во функција и оставен е да пропаѓа. Заеднички констатиравме дека со релативно мали инвестиции, овој сериозен капацитет може повторно да се стави во функција и да стане дел од системската подготовка на полициските кадри.“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.

Министерот Тошковски нагласи дека целта е изградба на модерен, целосно опремен и функционален центар за обука, кој во иднина ќе има и регионално значење и дека преку  соработка помеѓу институциите, со јасна визија и одлучност, можеме да изградат услови што ќе одговорат на современите потреби.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ