Saturday, March 22, 2025
12.8 C
Skopje

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА: СТУДЕНТИ ОД ФИНКИ ЌЕ МУ ПОМАГААТ НА МОН ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНОТО РАБОТЕЊЕ И ЗАБРЗУВАЊЕ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје,  од денес ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието.

Под менторство на нивните професори, ќе дадат поддршка на тековното одржување на дел од информациските системи и дигитални платформи со кои располага министерството и ќе учествуваат во креирање и имплементација на нови техничко – технолошки решенија и дигитални услуги во воспитно – образовниот процес.

Ова е уредено со меморандум за соработка кој денеска го потпишаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски, а кој, како што информираа, зависно од потребите и можностите на двете страни, во иднина би можел дополнително да се надградува.

„Согласно договореното, дополнително факултетот ќе организира и спроведува едукативни активности во форма на обуки, работилници и семинари за стручно усовршување на вработените во министерството.

Од друга страна, министерството ќе поддржи практично усовршување на студентите од овој факултет. Предвидени се и заеднички стручни и научни истражувања и анализи, како и организација на хакатони и натпревари за младите во информатичко – комуникациската сфера“, рече Јаневска.

Министерката изрази задоволство што лесно беше постигната согласност каде и како да соработуваат двете страни, со што значително ќе се подигне ефикасноста и ефективноста на работењето и на министерството и на факултетот, а во интерес на граѓаните.

Посочи дека МОН покажува отвореност, а ФИНКИ висока општествена одговорност.

„Имам должност да ги повикам и другите јавни институции и високообразовни установи да иницираат ваков тип на соработка. Да им дадеме можност на младите да се докажуваат и практично да се надградуваат уште додека студираат и со тоа да им го поедноставиме настапот на пазарот на труд по дипломирањето“, додаде Јаневска.

Деканот на ФИНКИ пак, рече дека образовната установа и досега му помагаше на МОН, но отсега во активностите ќе бидат вклучени и студентите за кои, како што рече, убеден е дека имаат потенцијал не само да препознаваат, туку да креираат решенија за сложени предизвици во ИТ сферата.

ОВАА НЕДЕЛА

ШЕКЕРИНСКА: ВО ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОДБРАНА ЕУ ДА ВКЛУЧИ И СОЈУЗНИЦИ КОИ НЕ СЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНКИ

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи...

ТОШКОВСКИ: ЦЕЛОСНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, МВР РАБОТИ СО СИТЕ СВОИ КАПАЦИТЕТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава...

НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ: „ДА ОДГОВАРААТ СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА КОЧЕЛЕ ПРАВДАТА“

Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат...

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА ВЕДАТ: ОБДУКЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА УТВРДИ ЛЕКАРСКАТА ГРЕШКА

Кумановското обвинителство отвори предистражна постапка за случајот со смртта...

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТАНУВА ОТВОРЕНА ЗА ПРИЕМ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ