Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПИВАРА ЌЕ ЈА ПОДДРЖАТ ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ЗАСАДУВАЊЕ ДРВЈА

Скопје, 21.10.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работна средба го прими генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев. Митрев го информира Меџити дека Пивара Скопје целосно и континуирано работи по највисоки стандарди во насока на заштита на животната средина, почнувајќи од изборот на суровини, преку контрола на процесот на производство, дистрибуција и продажба, па се до управување со пакувањето.

Пивара Скопје еден од оснивачите на Пакомак, кој е колективен постапувач со отпад што ги рециклира најголемиот дел од производите на Пивара Скопје што се пласираат на пазарот. Министерот Меџити ја поздрави општествено одговорната работа што ја врши оваа компанија, како модел за други компании кои заедно со државните институции можат да се вклучат во борбата против загадувањето на животната средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање и Пивара Скопје имаат континуирана соработка во проекти за рециклирање на производите пуштени на пазарот, како и за чистење на отпадот во животната средина во различни еколошки акции и се партнери во најголемата акција за собирање и класификација на отпадот „Генералка викенд“, која е долгорочна иницијатива што ги поврзува стратешките столбови на Пивара, платформата „Свет без отпад 2030“ и „Нето нулта емисија“ CO2 до 2040 година.

Во соработка со Пивара Скопје, следниот месец, Министерството ќе ја поддржи акцијата за пошумување, во која за секои 10 килограми отпад собран во текот на пролетната акција „Генералка Викенд“, ќе се засадува по едно дрво. Пивара во доброволна акција минатата година го исчисти брегот на Охридското Езеро, а потоа продолжи со чистење на значајните државни споменици и е прва компанија во земјава која

презентираше прицврстено капаче, со што преку примена на иновативни решенија ја потврдува посветеноста кон одржливо управување со отпад и намалување на отпадот преку селекција и рециклирање. Скопска Пивара е компанија со висока општествена одговорност која има интегрирана А-дозвола за контрола и спречување на загадувањето на животната средина.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ