МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ПОЛИЦАЕЦОТ СЕ ВИКА ДАРКО И Е МОЈ ДРУГАР СО КОЈ СЕ ГОРДЕАМ

0
611

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот профил на Фејсбук напиша дека Македонците се гостопримлив народ за сите со добра мисла кои сакаат да ја посетат нашата земја.

„Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишува тој.

Неговиот пост следува по недоличното однесување на Бугарите врз полицајците, за што тројца добија парична казна и три годишна забрана за влез во Македонија.
Еден од нив синоќа преку Фејсбук понуди награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците на граничниот премин Деве Баир, објавувајќи и фотографија од него.