Министерот Хоџа за 100 дена Влада: Стратешки ги решаваме предизвиците за развој на земјоделството, инвестираме во системи за наводнување и финансиски го поддржуваме агро секторот

0
126

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, одржа прес – конференција во медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање министерот ги презентираше постигнатите резултати во првите сто дена од неговиот мандат, кој го започна со целосна посветеност на развојот на овој исклучително значаен сектор.

Пандемијата само го потенцираше значењето на земјоделството, бидејќи кога целиот свет застана, производството на храна мораше да продолжи. Земјоделството е комплексен сектор, кој нема застој, кој постојано се движи, постојано се менува, а ги допира сите човечки животи бидејќи од нашите мерки и политики зависи производството на храна. Земјоделското производство значи живот, благосостојба, обновување на природните циклуси, но значи и економија, сигурност и развој. Пандемијата за жал влијаеше на овој сектор, а први беа погодени производителите на грозје и вино.