Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

МИНИСТЕРОТ ПЕРИНСКИ ИМАШЕ СОСТАНОК СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН : СО ПРИОРЕТИЗИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ И СО ДОБРИ ПРОЕКТИ ЕФИКАСНО ЌЕ ГИ РЕШАВАМЕ РАБОТИТЕ

Министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион ги отвори сите приоритетни прашања со кои што се соочуваат локалните власти.

Министерот Перински истакна дека најважно е да се приоретизираат потребите на граѓаните и со добри проекти ќе се пристапи кон нивно ефикасно решавање. „Владата обезбеди средства и решавањето на потребите на граѓаните за нас е приоритет, затоа општините треба да покажат подготвеност за ефикасна реализација на расположливите сто милиони евра само за оваа година“.

На состанокот беше истакнато дека министерството за локална самоуправа ќе ги обезбеди сите услови процесот на прибирање на проектите и нивната проверка да биде ефикасен и транспарентен.„Сите општини имаат еднакви можности, ова е шанса да се покаже спремност дека општините имаат капацитет од следната година да реализираат и поголеми средства. Целта на Владата е за неколку години да се надминат егзистенцијални прашања со кои што граѓаните во денешни услови не треба да се соочуваат, како што се подобрување на уличната инфраструктура, комуналната и социјалната инфраструктура. Очекуваме проекти кои што ќе решаваат реални проблеми и ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните во целата држава“, рече Перински.Од страна на претставниците на локалните самоуправи беше истакнато дека ќе аплицираат на повикот со цел да се обезбеди реализација на покрупни капитални инвестиции, пришто беа посочени проекти од типот прочистителна станица за село Трпејца во Охрид, водоводен систем за село Сланско во Македонски Брод и пат Пласница – Преглово – Дворци – Лисичани во Општина Пласница како дел од инвестициите за кои општините ќе аплицираат.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ