МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БОЈАН МАРИЧИЌ СЕ СРЕТНА СО ДИРЕКТОРКАТА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НАТАША ГАБЕР

0
854

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба содиректорката на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска.

На средбата се разговараше околу подготовките на Академијата за судии и јавни обвинители и започнувањето на обуката на VII генерација слушатели на Академијата, која оваа година ќе се одвива во услови на Ковид-19.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е исклучително важен закон за владеењето на правото и независноста на правосудните органи, имајќи предвид дека Академијата за судии и јавни обвинители е портата за влез во правосудството.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна декастанува збор засуштински значаензакон кој треба да овозможи влез на нова и силна генерација на слушатели на Академијата која треба да биде носител на промените во правосудството.

Со директорката Габер, министерот Маричиќ дискутираше и околу подобрување на функционалноста на Академијата за судии и јавни обвинители и создавањето посовремени услови за слушателите на обуката.

Основна цел на Законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите.