МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БОЈАН МАРИЧИЌ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРКАТА НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА, КРИСТИН БЕНГСТОН

0
408

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристин Форшгрен Бенгтсон и Јохан Хенриксон, заменик амбасадор на Кралството Шведска.

На средбата се дискутираше за реформските приоритети на Министерството за правда и Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, имајќи предвид дека наскоро се очекува почеток на преговорите и отворање на Поглавје 23 – Правосудство и темелни права.