МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ И ГЕНЕРАЛ САШКО ЛАФЧИСКИ НА СРЕДБА СО ШЕФОТ НА БИРОТО ЗА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА НА САД, ЏОНАТАН СТАБС

0
96

Средба со шефот на Бирото за Националната Гарда на САД, генерал потполковник Џонатан Стабс.

На средбата на која присуствуваа и началникот на Генераштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, уште еднаш го афирмиравме тридецениското партнерство помеѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.

Разговаравме и за продлабочување на партнерството и соработката во насока на модернизација на македонската Армија и обука на припадниците на Армијата, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.