МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО, АРИЈАНИТ ХОЏА ДЕНЕС МУ ГО ВРАЧИ ДОГОВОРОТ ЗА КОНЦЕСИЈА НА НОВИОТ КОНЦЕСИОНЕР НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

0
1124

Денеска, на брегот на Преспанското Езеро во Претор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, на новиот концесионер официјално му го врачија договорот за концесија.

Согласно Законот за рибарство и аквакултура, МЗШВ неодамна објави Јавен повик за доделување концесија, за вршење стопански риболов на риболовното подрачје Преспанско езеро, како и за организирање рекреативен риболов, на рекретативната зона Преспанско езеро. Постапката за доделување на концесија беше спроведена согласно одлуките за започнување постапка, донесени од Владата на Република Северна Македонија. Формираната комисија спроведе постапка за избор, при што како најповолен понудувач беше избран субјектот Преспафиш увоз-извоз ДОО с.Асамати Ресен.

„Во име на Владата на РСМ, јас како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство го потпишав договорот и денеска еве сме овде, на брегот на Преспанското Езеро, каде официјално му го врачив договорот на новиот концесионер. Со ова започнува  шест годишен период на користење на рибите од оваа риболовна вода од страна на концесионерот. Со доделувањето на концесијата пред се ќе се овозможи заштита на рибниот фонд во риболовната вода како и негово економско користење на одржлив начин. Се надевам на плодна соработка со концесионерот заради остварување на позитивни резултати во областа на рибарството од аспект на користење на рибниот фонд“ изјави министерот Хоџа

Тој ги потенцираше и обврските кои треба да ги исполни новиот концесионер кој треба да работи на риболовната основа, согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура и најодговорно да ги спроведува обврските утвредени во договорот за концесија.

Како концесионер за стопански и рекреативен риболов, Преспафиш ќе биде должен да организира рибочуварска служба, преку лиценцирани рибочувари а како обврска во делот на рекреативниот риболов, ќе се грижи за обновување на рибниот фонд преку редовно порибување на риболовната вода.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски изјави дека доделувањето на концесијата ќе придонесе за одржливо управување со рибниот фонд и за зголемена грижа за зачувување на животната средина, што сериозно ќе помогне во развојот на туризмот на крајбрежјето на Преспанското Езеро.

Министерот Хоџа му честиташе на новиот концесионер Песпафиш и изајви дека очекува одговорно работење кое ќе придонесе и за зачувување на биодиверзитетот на ова езеро, преку управување со риболовното подрачје на одржлив начин.