Thursday, July 10, 2025
17.8 C
Skopje

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО УЧЕСНИЦИТЕ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер.

– Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат, рекол министерот Тошковски, соопштија од МВР.

Министерот Тошковски исто така бил и во селото Пухче, кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар.

– Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме, потенцирал министерот Тошковски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ