МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ОБЈЕКТ НА ПОЛИЦИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ЖЕРОВЈАНЕ

0
314
Денеска сме во посета на Жеровјане каде направивме увид во реконструкцијата на објектот во кој е сместено полициското одделение од општа надлежност Жеровјане, чиј објект беше во доста амортизирана состојба, која претставуваше пречка во нормалното извршување на работните задачи и активности на вработените во ова полициско одделение.

Вредноста на споменативе градежни активности во процесот на реконструкција на објектот е 2.526.363.00 денари или околу 40.747 евра, а добар дел од овие средства во висина од 18.700 евра беа обезбедени по пат на донации од граѓани на кои во ова пригода искрено им се заблагодарувам.

Изминативе три години заедно со моите соработници воспоставивме системски континуитет на менување на материјално техничките, социјалните и професионалните прилики во коишто беше затекната полицијата и решивме да одиме постапно, но постојано, во надминување на актуелните и создавање нови, подобри услови за нормално функционирање на полицискиот систем.