Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

Министерот Бојан Маричиќ се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека вистински предизвик претставува успешната имплементација на Стратегијата за реформи за правосудството и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и човекови права.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу зајакнувањето на одговорноста на судиите и обвинителите и најавениот ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил.

Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Мисијата на ОБСЕ во клучните реформски области и експертската поддршка во изработката на Законот за кривична постапка, Кривичниот законик, Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела сторени со насилство, а секако и Изборниот законик.

Маричиќ истакна дека поддршката од Мисијата на ОБСЕ ја унапредува заштитата на човековите права во Северна Македонија, а со тоа и ја доближува во исполнувањето на европските стандарди.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ