Министерот Бочварски донираше храна за ранливи семејства во Гази Баба во рамки на хуманитарната акција“Мeсец на хуманоста – ГазиБабаСеГрижи”

0
156

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, учествуваа на хуманитарната акција: “Мeсец на хуманоста- ГазиБабаСеГрижи”.

Целта на хуманитарната акција е да се подигне свеста на граѓаните за поддршка на најранлиите категории на граѓани. За таа цел во текот на овој месец општината и сите заинтересирани граѓани ќе донираат облека, храна и мебел наменети за лица од ранливите категории.

“ Денеска сме овде да ја поддржиме оваа хуманитарна акција и да докажеме дека оваа Влада се грижи за граѓаните.  Веќе покажавме поддршка преку економските мерки што ги донесовме во овие услови, веќе усвоивме и четврт пакет мерки кои се однесуваат на финансиска помош на лица со ниски приходи, пасивни баратели на работа и пензионерите. Мора да покажеме свест како граѓани, нашата хуманост и сплотеност да ја изразиме токму преку вакви акции, а преку институциите системски да работиме на подобрување на состојбата токму на овие категории граѓани”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.