МИНИСТЕРКАТА ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА НА ПАТОТ ШТИП – РАДОВИШ ДОЖИВЕАЛА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

0
400

Во сообраќајна несреќа меѓу две возила што се случила попладнето на патот Штип-Радовиш, во едното возило, кое било во сопственост на Владата, се превезувала министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

„На 5 јануари 2024 во 17:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип – Радовиш во близина на село Лакавица, Штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од 53-годишниот Г.А. од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје“, велат од СВР Штип, пренесува МИА.

Второто патничко моторно возило „пасат” со швајцарски национални ознаки било управувано од 48-годишниот М.Ј. од село Мокриево, Општина Ново Село, а во возилото биле и четири сопатници.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на „шкодата“ Г.А., која била констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.