Таа на денешната прес-конференција покажа две папки кои тврди дека го компромитираат Драган Ковачки, поранешен официр во армијата, сега пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој жестоко ја напаѓа, а на последната собраниска седница читаше извештај за нејзината наводна прихичка состојба.
Петровска порача дека во едната пакпа се доказите со кои што ќе ги побие сите негови негови тврдења дека крие имот, и тие се дел од тужбата која веќе ја поднела против него.Министерката реча дека во втората папка има класифицирани податоци за минатото на Ковачки.
„На Ковачки му пречи модернизацијата на армијата, а најмногу се плаши од соддржината на двете папки. Во оваа папка, се крие товарот на неговото минато кој што длабоко го боли и заради кој не може да добие НАТО сертификат. Јас не сум дел од неговото минато. Тоа што тој правел во минатото е негова одлука и за тоа треба да ги сноси последиците“ рече Петровска.