Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФОНДОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ НА ОПЕК

15 јануари 2025, Скопје

– Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој и поддршка на проекти во земјава беа во фокусот на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-претседателот на Фондот Шаима Ал-Шеиби, којашто се одржа во седиштето на ОПЕК во Виена, а каде што министерката учествува на Форумот на „Инвисо“.

На средбата министерката за финансии ги посочи напорите што ги вложува Владата во реализација на инвестиции, како во јавниот така и во приватниот сектор со цел забрзување на економската активност и постигнување повисоки стапки на економски раст. Таа се осврна на проектите на коишто се работи, како и на проектите за кои може да се развие соработка. Пред сѐ, станува збор за инвестиции во инфраструктурни проекти, како и за проекти во областа на енергетиката, здравството и сл.

Притоа, и двете страни ги истакнаа заложбите за продолжување и зајакнување на соработката во наредниот период и можноста преку ова партнерство да се обезбдат средства за финансирање развојни проекти.

Фондот за меѓународен развој на ОПЕК е мултилатерална развојна финансиска институција која финансира проекти со цел стимулирање на економскиот раст и социјалниот напредок на земјите во развој. Досега Фондот на ОПЕК има инвестирано повеќе од 27 милијарди американски долари за развојни проекти во над 15 земји.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ