Министерката за труд и социјална политика др.Фросина Ташевска – Ременски во работа посета на Прилеп како и на спомен обележје комплексот ,,Карпалак” и здружението ,,ЗРВО” од Прилеп

0
799

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски работната посета на Прилеп ја започна со полагање на цвеќе на споменикот на паднатите бранители по што оствари и куса средба со Здружението на бранители од Општина Прилеп и ограноците. На средбата беше договорено со претставници на Здружението да оствари средба во Министерството за труд и социјална политика на која што ќе ги изнесат нивните проблеми со коишто се соочуваат и решавање на истите.

12768367_1661238150792011_476252414457478317_o

На средбата со министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски бранителите од здружението ,,ЗРВО” изразија огромна благодарност за нејзината посета и за кратката средба која ја оствари со нив во просториите на ,,ЗРВО”

12801376_1661238144125345_5772852745233464828_n

Исто така бранителите на ,,ЗРВО” на средбата остварена со министерката побараа државата да им излезе во пресрет на воените инвалиди од конфликтот од 2001 година каде што беше изразено видно и големо незадоволство од институциите на државата која според нив ги заборавила нивните придонеси и нивните проблеми со кои се соочуваат.