Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска на споменикот Карпалак во Прилеп положи венец со свежо цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.
При посетата и положеното свежо цвеќе министерката за одбрана, Радмила Шеќеинска оствари и средба со припадниците на безбедносните сили од вооружениот конфликт во 2001-ва година.