Monday, February 10, 2025
2.8 C
Skopje

МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА НА ФОРУМОТ „ИНВИСИО“ ВО ВИЕНА

На форумот учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски институции, банкарски групации, инвестициски фондови, регионални групации и сл. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре учествува на Форумот на Централна и Источна Европа „Инвисио“.

„На Форумот, министерката за финансии ќе ги претстави политиките што ги спроведува Владата, кои се темелат на новиот концепт на економски раст заснован на инвестиции, а коишто имаат и позитивно влијание врз одлуките што ги носат инвеститорите. Акцентот ќе биде ставен на реформите и политиките за управување со јавните финансии,“ велат во соопштението.

Министерката е воведен говорник на Форумот заедно со првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман , заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и регионалниот заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

На форумот учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски институции, банкарски групации, инвестициски фондови, регионални групации и сл.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИ СТАНОВИ ЗА 1.000 ЕВРА ПО м2 ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО БИТОЛА

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови...

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОНТРЕАЛ

Отстранувањето на снегот на тротоарите и улиците низ Монтреал,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ