МИЛОШОСКИ : ПОРАДИ НАЈНЕСПОСОБНИОТ ТАНДЕМ ЛОГА И АВРАМОВСКА МАДИЌ, ДОВЕРБАТА НА СУДСТВОТО Е 2 ПРОЦЕНТИ, ЗАТОА НЕКА СЕ ЖАЛИ КАДЕ САКА

0
103

По однос на писмата на министерот за правда во заминување господинот Кренар Лога, од негова страна има право да се жали доколку сака да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати преку Македонска пошта, јавното претпријатие кое што 20 години го управува ДУИ и е нефункционално. Бидејќи ако ги испрати преку Македонска пошта може да не стигнат до адресите на кои што сака да се пожали министерот Лога, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Антонијо Милошоски во денешното гостување во Дејли Клик  на телевизија ТВ 21 во однос на писмата кои што утрово ги објави министерот за правда тврдејќи дека ќе ги испрати до амбасадите во Македонија на меѓународната заедници за да се пожали за претстојните реформи во правосудните органи како што се Судски совет и Републичкиот совет на јавни обвинители.

„Но, по однос на темата Републички судски совет и Совет за јавни обвинители, токму заради најнеспособниот тандем до сега во Министерството за правда, министерот Лога и заменичката министерка Аврамовска Мадиќ, мислам дека падна довербата во правосудство и во овие две институции на рекордно ниски два проценти“, рече Милошоски додавајќи дека реформи се неопходни и во двете овие институции.

Милошоски посочи дека смета дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат обврска  како ветен проект пред граѓаните за кои што добивме голема поддршка, да направиме реформи во овие две институции.

„Законските интервенции кои што ќе се однесуваат на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители ќе бидат сублимат на експертски мислења и препораки на домашната стручна јавност како може да се зголеми автономијата и ефикасноста на овие две институции“, истакна Милошоски.

Милошоски кажа дека никој од СДС и од ДУИ нема да може да се сокрие зад партијата, и дека секој кој згрешил или го прекршил законот, ќе одговара.

„Некои од челниците на СДС ја користат партијата како акционерско друштво. Некако зад партијата сакаат да го сокријат сето она кое го правеа во изминатите години. Јас им порачувам и на оние кои ја водеа државата во изминатите седум години и од СДС и од ДУИ, времето за одговорност допрва доаѓа“, рече Милошоски.