МИЛОШЕВСКИ : ГЛЕДАМ ДЕКА СЕГА ВРВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ САМО ПОРАДИ ЕГОТО НА ЕДЕН ЧОВЕК КОЈ ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА ПАРТИЈАТА ИМА ПОМАЛ РЕЈТИНГ ОД ЕКС ПРЕМИЕРОТ

0
2086

Немам проблем со различно мислење, немам проблем и со ад-хоминем напади, напротив сметам дека за се треба да се дебатира и разговара, како човек се залагам за апсолутна слобода на говор. Но имам проблем со вашата нечесност, со недостатокот на храброст да се соочите со луѓето со кои не се согласувате. Сега ќе ви откријам една јавна тајна. Сите знаете дека постојат „политички инфлуенсери“ на јавната сцена кои се платени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да плукаат по оние во кои тие гледаат противници. Да не говорам за ботовите…

Пред јавно да пукне тиквата тие плукаа по Арсовска, Јакимовски, Инфомакс, Апасиев, Палевски, а сега гледам плукаат и таму каде што лижеа со години. Не можам да имам ниту грам почит за луѓе кои се пресметуваат со неистомислениците преку трета страна. Ако сте мажи излезете на прес-конференција и кажете со кого и зошто имате проблем дали тоа бил екс-премиерот или било кој друг од гореспоменатите.

Гледам дека сега врвот на ВМРО-ДПМНЕ се пресметува со Никола Груевски само поради егото на еден човек кој после пет години на чело на партијата има помал рејтинг од екс-премиерот. Гледам сте го ангажирале и Заев да измислува приказни како Груевски помогнал за промена на името на државата и Уставот. Спремните сте и со црн ѓавол да седнете на маса за пуста власт, како што впрочем Геровски откриј дека веќе сте седнале. Сега му импутирате на Груевски дека пак помага за промена на Уставот и внес на Бугарите во истиот… Брука. Груевски ако сакаше да ги направи овие работи се уште ќе беше во Македонија и премиер.

Информациите од штаб велат дека има 15+ пратеници кои се спремни да гласаат за промена на Уставот. Тие не се луѓе на Груевски туку оние кои што ги носевте на обуки на НДИ, ЕПП, луѓе кои со години ги индоктриниравте дека меѓународната заедница, а не народот е суверен во оваа држава. Политичарите и личностите кои ги споменав во овој пост ги почитувам затоа што јавно го говорат тоа што го мислат за разлика од вас. Иако има работи со кои лично не се согласувам за разлика од вас имаат јасно изразен став.
Ова што го правите е срамно, нечесно, недостоинствено и не приликува на луѓе кои се амбицираат да ја раководат државата.

Фејсбук статус на новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски.