Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

МИЛИОНИ УКРАИНЦИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПО РУСКИТЕ НАПАДИ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА МОСКВА СЕ ОДМАЗДУВА ЗА ПРОТИВОФАНЗИВАТА

Меѓу градовите кои останаа без струја е и Харкив, каде што била погодена електрична централа (Фото: АП)

Милиони луѓе останаа без струја во источните региони Харкив и Доњецк, за што претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија, велејќи дека се одмаздува за успешната противофанзива на украинските сили. Градоначалникот на Харкив, Игор Терехов, изјави дека снабдувањето со струја во меѓувреме е обновено.

Ова следува откако украинските сили за само неколку дена ослободиле територија од над 3.000 квадратни километри во источниот дел на земјата.

„Руските напади на цивилната инфраструктура оставија најголем дел од градот без струја и вода вчеравечер. Ова е зол и циничен обид за одмазда за последните успеси на украинската војска“, кажа Терехов.

Гувернерот на соседниот регион Суми изјави дека над 130 населени места останале без струја, а слични проблеми се регистрирани и во регионите Полтава и Днепропетровск.

„Русија спроведува терористички напади врз цивилната инфраструктура. Студот, гладот, темницата и жедта не се така ужасни и смртоносни како вашето пријателство и братство“, изјави Зеленски.

Британското министерство за одбрана процени дека од средата, Украинците зазеле територија од над 3.000 квадратни километри во харкивскиот регион. Русија призна дека нејзината војска се повлекла од градовите Балаклија, Купјанск и Изјум, со цел да се прегрупира и да ги засили своите позиции на фронтот во Доњецк.

Градоначалникот Валери Марченко изјави дека жителите ќе можат да се вратат во Изјум за десетина дена, за првпат откако беше освоен од Русите во март. Изјум важеше за најголемиот логистички центар за руската војска и порта кон градовите Словјанск и Краматорск во Донбас.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МИЦКОСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЗДРАВСТВОТО И ТРАНСПОРТОТ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ