МИЛЕНКО СО ШОКАНТНА КОЛУМНА: Ако им се докаже вината на Груевци, треба да си лежат затвор, ВМРО ДПМНЕ не треба да се замара со тоа!

0
1300

Иако со години тврдеше дека ВМРО ДПМНЕ е жртва на заговор, дека се поштени, дека не крадат, дека се патриоти итн, сега Миленко мења лента и тврди дека ако им се докаже вина, Груевци треба да си лежат затвор и ВМРО ДПМНЕ нема што со тоа да се замара?!?!

Еве дел од колумната на Дудинка:

Сега враќање нема. Мора да се оди на избори.

Се надевам дека Хрстијан Мицкоски нема да е наивен а и ќе расчисти со дупљаците во неговата близина, па нема да дозволи да биде наместен со Бејлиево сценарио, како што го јадеше Никола Груевски во декември 2016-та и лани за локални.

А и народот, тешко дека ќе дозволи да биде застрашуван.

Бомбите пројдоа. Судски рочишта се во тек. Таа сага заврши. Кој е виновен ќе си одговара, кој не ќе биде колатерална политичка жртва.

Баласт од бомби и слични местенки Мицкоски нема. Па на гласање ќе се оди да се бира помеѓу зло какво што е СДСМ и Зоран Заев и нешто ново и свежо.

Колку е добар Мицковски, колку е освежено ВМРО ДПМНЕ, секој од нас ќе може самостјно да си процени.

Но, какво и да е, што и да е, од ова сегашно зло секако е со светлосни години подобро.