МИЛЕНКО СЕ СКАРА СО ДАРКО ЈАНЕВСКИ, ПРИТОА ОТКРИ ТАЈНА ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ

0
4288

Во колумна на ДУДИНКА , Миленко го прави партал својот доскорешен близок другар, инаку опасно режимско новинарско куртонче од времето на режимот на Груевски, Дарко Јаневски, екс уредник на Дневник а потоа и автор на емисии на Алфа.

Миленко а изгледа и Камчев се изнервирале за колумна на блиска новинарка на Јаневски во која е нападнат Орце Камчев како криминалец и причина за поразот на ВМРО ДПМНЕ на изборите.

Притоа Миленко открива пикантерии дека Јаневски земал плата од 2000е додека бил уредник во Дневник кога весникот беше под капата на Орка Холдинг каде газда е токму Камчев.

Исто така Миленко го потсетува екс другарот Дарко дека се лечел за без пари во Систина и тоа во скап апартман и поради тоа требало да му биде благодарен на Камчев.

Тоа открива една многу интересна тајна на Камчев, тој преку својата болница решава кому ќе му спаси живот за без пари и потоа од тој човек очекува лојалност, било да е новинар, политичар, судија, обвинител, итн итн… Овде особено се ранливи новинарите кои генерално се голтари и голи стапови па лесно е да ги купиш ако им спасиш живот со операција која кошта неколку десетини илјади евра кои се научна фантастика од сума која со новинарска плата во земјава не може да се заработи за 10 животи а камоли пак за еден…