МИЛЕНКО РАСПАЛИ ПО ФИКУСОТ : Хорхе ти си глуп, доста не браниш!

0
2160

Режимското куче на војната, Миленко експлодира во неговата најнова колумна на неговиот портал ,,Дудинка” каде попизден од тоа што Хорхе го даде мандатот на Заев сега бара од него да не ги брани вмровците и му порача дека е екстремно ГЛУП, еве што напиша овај вол режимски на Дудинка :

Screenshot_4

  • Воопшто не ми се допаѓа, море искрено да кажам ја сметам за екстра глупава, тезата дека “Претседателот Иванов со давањето мандат на црпнатиот муртинец, всушност не‘ спасил од војна“!!!
    Демек, сме се спасиле?! Иванов не‘ спасил!!! Куртуливме!!!Секоја капитуалција по дефиниција е спасување од војна. Понатамошна, идна – било каква. Нас веќе еднаш “не‘ спасија“ од војна Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски и пред се Борис Трајковски. 2001-ва, се сеќавате?! Ебате спасувањето, ебате. Не‘ спасија преку Охридската капитулација, преку заврзување на рацете на “Лавовите“ и другите безбедносни сили да го срамнат со земја Арачиново, преку менување на уставот, преку менување на преамбулата, преку правење на политичари од оние што беа ѕверови… Така, да ептен не‘ спасија од војна. И не‘ набутаа во уставна и безбедносна мизерија која кулминира вчера со давањето на мандатот.Значи, дечко Хорхе, ФАЛА ДОСТА МЕ БРАНЕШЕ. Аман, престани да ме (не‘) браниш.

    Оти по овие Хорхеиеви методи и научни сознанија, од војна се имаат спасено еден куп земји во 1940-та при налетот на Хитлеровата солдатеска. Капитулирајки, се разбира.
    Спротивно, никој не ги спаси од војна виетнамците, кубанците, советите, кореанците, авганистанците, југословените, британците… И сите неспасени од војна, на крај го победија онојга што со војна им се закануваше.

    Хорхе, ако никој друг, треба да ја знае големата мисла на Големиот (со големо “Г“) Македонец Дамјан Груев “подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“. Бидејки без големи мисли и потези нема Големо “Г“ ами малецко, минијатурно ништо. Оти, ако си 10 години Претседател на оваа држава, не сме те бирале оти си речит, убав, харизматичен, забавен – ами оти сме сметале дека ќе ја браниш Македонија. Така барем ВМРО ДПМНЕ не‘ убедуваше. Затоа сметавме дека ќе бидеш спремен да го исполниш заветот на истиот Дамјан Груев кој кажа: “се гледа дека со јажето или куршумот, рано или касно ќе треба да се бакнувам, но нека се погрижиме барем, малку од малку, да биде за цел“. За каква цел Преседателе Иванов беше капитулацијата вчера? За каква, или попрецизно, за чија цел?!