МИЛЕНКО НА ФЕЈСБУК ГИ ПОВИКУВА КОМИТИТЕ ДА ГО ЛИНЧУВААТ ДОМОТ НА САШЕ ПОЛИТИКО ПРИ ШТО Е ПРИЈАВЕН ВО МВР

0
1160

Миленко денеска на својот фб профил ги повика комитите кои имаа поворка од Градски Стадион до гробиштата во Рајчинци да поминат покрај станот на Саше Политико и да го линчуваат.

За ова тој денеска доби пријава во полиција за повик за линч, нарушување на безбедност и говор на омраза.

Полицијата вети дека ќе го истражи случајот и ќе преземе законски мерки заедно со јавното обвинителство.