Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

МИЛЕНКО ЗА ЖАЛЕЊЕ :)

Доаѓање на власт со рекла-казала? Тука ни господ не помага!!! – напишал Миленко утрово.

stojance-angelov

Миленко бе, душо исфрустрирана. Знам дека не ти е лесно. Чувството кога гледаш дека ниту “твоите“ не те сметаат за жив не е лесно. Толку време поминаа, толку разговори слушнавме, толку оговарања се изнаслушавме и дури пред некој ден за прв пат и тоа само еднаш, те спомна Јанкулоска. Арно ама… Со оглед на тоа што кажа за тебе и твојата емисија… Поарно да не те спомнеше. 🙂

Миленко! Да не сме ние од опозицијата ти одамна ке беше медиумски “мртов“! Но, што да ти правам кога си корисен. Само со ставањето на твоето име во насловот, мојот повик да дојдат денес во 12.00 часот пред Јавното Обвинителство, каде ќе побараме ослободување на МРТ од канџите на режимот а воедно и притвор за Груевски, ќе го прочитаат илјадници луѓе! Навистина си корисен! 🙂

Во врска со твоето тврдење за рекла-казала. Па, не би се согласил дека е баш така, рекла-казала. Имајки во предвид кој рекол а кој кажал! Груевски рекла, Јанкулоска казала, Ставревски потврдила, Јанакиески извршила…

Миленко! Од каде ти пак идејата за доаѓање на власт??? Ние од опозицијата не бараме да дојдеме на власт! Бараме само формирање на техничка Влада која во разумен временски рок ќе организира фер и демократски избори. Избори на кои македонските граѓани ќе кажат кој ќе ја води државата. Бидејки вие сте ептен убедени дека народот ве сака, дека народот стои позади вас, дека народот паѓа во транс по вас, не би требало да имате проблем со прифаќање на нашите барања. Штом народот толку многу ве сака вие пак ќе си победите! Но, јас мислам а вие знаете… Мало морген! Мало морген, ќе победите на следните избори! 🙂

12.00, Јавно Обвинителство (кеј на Вардар спроти Ириш Паб), подготвувам изненадување, без насилство, со љубов!

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

ИЛИЕВСКИ : СКАНДАЛ ВО СОЗР, РОДНИНИ НА ТОМОВСКИ ДЕЛ ОД ТЕНДЕР ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, На...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ