МИЛЕНКО, ДРУГАРЧЕТО НА ГАЗДАТА НА СИСТИНА ОД КОГО ДОБИВА ПОМОШ, ШИРИ ПАНИКА ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ ЗА КОРОНА: ВАКЦИНАТА Е ОД КРВ НА АБОРТИРАНИ БЕБИЊА

0
1403

– Вакцините против Корона се од крв на абортирани бебиња!

Вака на својот фб профил со видео Миленко ги лаже своите над 60 иљади фанови.

Интересно е што оваа будала е близок пријател и е помаган со подароци а веројатно и со пари од бизнисменот Орце Камчев.

Колку е само тоа неверојатно, газдата на Систина во која се лечат многу Албанци од земјава и од Косово помага човек кој редовно ги нарекува диво племе.

Плус човекот шири паника и против Короната и против вакцините а Систина се наполни со пари од продавање тестови за корона и од лечење луѓе заболени од Корона.

Излегува дека на Камчев му одговара Миленко да ги лаже луѓето дека Корона не постои и да не се вакцинираат, за да заболат и после или се тестираат во Систина или се лечат во Систина?!?!

Така излегува оваа луда врска меѓу најбогатиот Македонец и најголемата медиска будала во земјава.