Милевски: 140 милиони евра директна годишна поддршка за домашните фирми

0
799

Претседателот на ЛДП и кандидат за пратеник во Изборната единица 5 Горан Милевски денеска ја презентираше предизборната програма „За живот во Македонија“ во Битола.

Милевски најави поддршка за домашните претпријатија, посебно за микро, малите и средни бизниси. Според „За живот во Македонија“, глобите за компаниите ќе бидат драстично помали, а испекторите најнапред ќе опоменуваат, а потоа ќе казнуваат.

Казните ќе бидат соодветни за големината на фирмата, драстично помали од оние што се во моментот.

Планираме 140 милиони евра директна годишна поддршка за домашните фирми и поддршка на фирмите за нови вработувања. 

Во првите 100 денови ќе се објави и план со јасни рокови за враќање на долговите од државата кон домашните фирми и навремено исплаќање на сите идни обврски, поволни кредити за отворање микро бизниси до 15.000 евра со еден процент годишна камата, изјави Милевски.

Програмата, додаде, предвидува и сновање трговски друштва со само едно евро почетен капитал.