МИЛЕВСКИ : ЈА ПОВИКУВАМЕ ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

0
362

Веќе извесен период наназад од седница во седница се потврдува новото мнозинство во Советот на општина Битола: СДС, ДУИ, Левица, Поинаку.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата денеска побара разрешување на претседателката на Совет Габриела Илиевска.

Пред 2 години ВМРО ДПМНЕ како никогаш претходно покажа демократски капацитет и во тој момент како идно политичко делување за градот ги вклучи и Поинаку, поради волјата на граѓаните кои го поддржаа ова движење со цел да се испочитуваат поголем број на гласачи, битолчани.

Демократскиот капацитет на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата беше до таму потврден – со отстапувањето на местото претседавач на Совет, во името на заедничката соработка и афирмирање на граѓанските идеи за Битола.После 2 години очигледно е дека намерата не била да работиме за граѓаните, приорит биле исклучиво напади на поединци, меѓусебни, личните ставови и интереси пред интересот на граѓаните и Битола.

За жал, Битола и нејзините граѓани и натаму остануваат заробеници на наследниците на крајно деструктивната Шарена револуција, на огромно наше жалење, повторно теснопартиските и личните интереси им пресудуваат на битолчани, повторно градот и целата општина се жртви на тесни погледи, голо политиканство и луѓе кои, де факто, не само што не и мислат добро на Битола, туку не се во состојба разумно да размислуваат и кога иднината на нивните деца и внуци е во прашање.

Пред јавноста уште еднаш е потврдено какви наследници на “Шарената револуција” имаме во Советот.

Тие кои ја рушеа и ништеа државата, денес гласаа заедно и си даваат едни со други поддршка во Советот.

Градоначалникот Тони Коњановски, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и натаму остануваат во силно сојузништво со граѓаните и ќе продолжат со работа исклучиво во интерес на Битола и битолчани, максимално посветени во реализација на проектите и решавање на предизвиците.Нема да се откажеме од борбата за поубава и економски силна Битола и тоа е единствениот мотив кој што ќе не води и во нашите натамошни чекори и делување.