МИЛЕВСКИ: ШУТО ОРИЗАРИ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИ ГРАНТ ЗА ОБНОВА НА УЛИЦИ ОД 11,4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА ЗА РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ

0
198

⭕ Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш во просториите на Министерството за локална самоуправа го потпиша договорот за финансирање на проект во оваа Општина, кој ќе се имплементира преку Бирото за регионален развој.
▶️ Проектот во висина од 5️⃣,5️⃣ милиони денари ќе овозможи Реконструкција и подобрување на улицата “Хаџи Јован Шишков”.
▶️ На Општина Шуто Оризари им одобривме и дополнителни 5️⃣,9️⃣ милиони денари од програмата Урбани подрачја за целосно комплетирање на првата фаза за Реконструкција на оваа улица.
⭕ Општина Шуто Оризари прв пат добива директни средства од програмите на Министерството за локална самоуправа, благодарение на новиот Закон за рамномерен регионален развој.
⭕ Ги поддржуваме сите општини подеднакво.

Фејсбук статус на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.