Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

МИЛЕВСКИ : СИТЕ ДОМАШНИ И МЕЃУНАРОДНИ ОЦЕНСКИ АНАЛИЗИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА РАБОТАТА ВО СУДСТВОТО И ПРАВОСУДСТВОТО НЕ Е КАКО ШТО ТРЕБА

„Работата во целото судство и правосудство не е како што треба и тоа го кажуваат и оценките во сите домашни и меѓународни анализи кои се прават“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој продолжи и додаде:

„Недовербата во судството и правосудството е тоа што одредени луѓе кои направиле или не направиле некаков криминал, некое дело ситно како што сака народот да кажува за 10 ќебапи ќе те осудат којзнае колку години, а за друго дело во кое се договорени меѓу нив судијата со обвинителот се осудуваат луѓе на 1 година, а при тоа е сторен тежок криминал или се фатени во поткуп“, рече Милевски.

Тој истакна дека народот не верува во судството и дека довербата е сведена на 3% токму поради сето ова.
Милевски укажа дека овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна поддршка од граѓаните и додаде:

„Овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби сериозна поддршка од граѓаните во која програма беа наведени работи дека се обврзуваме за длабоки реформи во правосудството, за независно судство комплетно ослободено од стегите и влијанијата на извршната власт преку системски решенија и трансформирање на правосудните органи во вистински независни“, вели Милевски.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ