Милевски : Потпишавме Меморандумот за соработка со УНДП за поддршка на општините во вредност од 700.000 долари

0
773

⭕ Потпишавме Меморандумот за соработка со УНДП за поддршка на општините во вредност од 700.000 долари.
✅ Ќе имплементираме мерки со цел намалување на последиците од Ковид кризата, но и да создадеме амбиент во којшто општините ќе можат посилно да го придвижат локалниот развој.
⭕ Во истражувањето направено во соработка со УНДП констатирано е дека во вториот квартал на 2020 година во однос на истиот период во 2019 година приходите се намалени во 26 општини, а расходите се намалиле во 49 општини. Тоа зборува дека општините во коишто немало намалување на приходите, се воздржале од расходи.
Главно станува збор за одложување на изградба на инфраструктурни објекти, што исто така се одразува на приходите на општината.
✅ Целта на овој проект е да им помогне на општините преку примена на најсоодветен модел на меѓуопштинска соработка во областите на заштитата на животната средина, транспортот, намалување на ризикот од катастрофи и други области, да обезбедат квалитетни услуги со значително намалени трошоци. Ги штедиме ресурсите, за со помалку да направиме повеќе.

Фејсбук статус на лидерот на ЛДП, Горан Милевски.