Милевски : Во единствената специјализирана болница за ортопедија и трауматологија во државата, Св. Еразмо во Охрид, ги подобруваме и модернизираме условите за работа

0
171

⭕ Во единствената специјализирана болница за ортопедија и трауматологија во државата, Св. Еразмо во Охрид, ги подобруваме и модернизираме условите за работа.
🇲🇰 🇨🇭 Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската амбасада одлучи да го реновира и стави во функција постоечкиот базен за физикална терапија.
⭕ Ќе ги користиме обновливите извори на енергија за загревање на базенот преку инсталирање на 46 панели и топлотни пумпи. Со тоа ќе се заштити животната средина и ќе се заштеди електрична енергија до 50 проценти.
⭕ Со целосната реконструкција на кровот, дограмата, внатрешноста, базенот ќе се вброи во енергетско ефикасни објекти и ќе се овозможи повторно користење на хидротерапијата во лекувањето на пациентите.
⭕ Продолжуваме со инвестиции во сите области!

Фејсбук статус на Горан Милевски.