Милевски : Во Велес заедно со Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Сутер Тејада и градоначалникот, Аце Коцевски го отворивме Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти

0
391

🇲🇰 🇨🇭 Во Велес заедно со Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Сутер Тејада и градоначалникот, Аце Коцевски го отворивме Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти.
⭕️ Овој Центар ќе нуди и експертска помош од страна на професорите, со цел да им овозможи на студентите покрај теоретско и практично знаење, а на компаниите решавање на нивните иновативни проблеми од прехрамбениот сектор.
✔ Со исполнувањето на овие цeли новоформираниот Центар претставува комплетно нова понуда за бизнис секторот во Вардарскиот регион.
✔ Набавена е лабораториска опрема, апаратура за автоматизирана анализа на протеини, апаратура за автоматизирана анализа на масти и инструмент за определување на воден активитет.
🇲🇰 🇨🇭 Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, во висина од 2.169.000 денари.
⭕ Малите и средни претпријатија немаат ресурни, ни капацитет за in-house сектор за истражување и развој, што води до потребата за надворешни извори за иновации, за што решението е соработка со овој Центар.

Фејсбук статус на Горан Милевски, лидер на ЛДП и Министер за локална самоуправа.