Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

МИЛАНОВИЌ: МАКЕДОНИЈА ДА НЕ БИДЕ ЖРТВА НА ПРИТИСОЦИ И ДА ТРПИ ИЗНУДИ ЗА ЕУ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој беше во посета на земјата.

Тој рече дека има премногу насоки од соседите и меѓународните актери за тоа како Македонија да се движи на европскиот пат, но најголемиот дел треба да се земаат со резерва.

„Правилата се јасни. Треба консензус, односно треба едногласност. Како и да свртите ќе дојде на исто. Се додека е некој против, Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено прашање е дали е тоа навистина за вас, односно за вашите граѓани најважната работа на овој свет и единствено вредно за живот и напор или постојат други работи за државата кои ја дефинираат како успешна и реализирана заедница“, изјави Милановиќ.

Хрвaтскиот претседател рече и дека Македонија не треба да се третира како земја со посебни потреби, туку како земја која има проблем.

На заедничката -прес-конференција со претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова беше потенцирано дека Хрватска е искрен македонски пријател и поддржувач на патот кон ЕУ, близок партнер во НАТО и долгогодишен сојузник.

Извор : Макфакс

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ