Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги коментира „Рафалите“ кои Србија ќе ги купува од Франција.
„Лудо е да се очекува дека Париз и Белград ќе склучат пакт против Загреб откако Србија објави дека ќе купи 12 нови француски борбени авиони „Рафал“, вели Милановиќ. Тој ја искоментира посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија.