Sunday, February 16, 2025
3.8 C
Skopje

МИЗРАХИ: ПРОФИТОТ НА СДС ВО СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА ИМ БИЛ ПОВАЖЕН ОТКОЛКУ ЖИВОТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи истакна дека Анкетната комисија го сработила своето поврзано со скандалот Онкологија, на која била образложено прекршување на над 60 членови од различни закони.

„Законот за јавни набавки до Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и итн. Што главно не доведе до предлог заклучоците, коишто на крајот никогаш не беа изгласани, меѓутоа како предлог заклучоци, беа архивирани во Собранието и така понатаму проследени по барање на обвинителството и до обвинителството, во кое се именува 6 лица на раководни позиции во тој период коишто сметавме дека имаат политичка одговорност, па понатаму обвинителството треба да увиди други типови на одговорност во скандалот Онкологија“, нагласи Мизрахи.

Пратеничката издвои што нашла Анкетната комисија во своето работење, а тоа е дека никогаш не постоела стручна комисија којашто увидувала кои медикаменти и нивните количини се потребни, туку дека на друго место биле договарани истите. Додаде дека недостасувале 6 месечните известувања на самата Клиника за радиотерапија и онкологија, набавки на реверси преку коишто се довела самата Клиника во долгови до 12 милиони евра, никогаш не биле пропишани протоколи, дека никогаш немало вонреден надзор и други увиди кои ги изнела Анкетната комисија.

„Кога немате анализа, на крајот имате хаос, којшто очигледно дека имало профити, коишто биле позначајни отколку животот и здравјето на граѓаните. До тука можеме да заклучиме дека системот бил во целосно безредие, хаос, којшто довело до колапс и верувавме дека овој колапс не е само на Клиниката за онкологија, туку во целокупниот здравствен систем“, потенцираше Мизрахи.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕШИКТАШ НА СОЛСКЈАЕР ЗА ПРВПАТ ВО ТУРСКАТА СУПЕР ЛИГА ГО ПОРАЗУВА ТРАБЗОНСПОР

Турскиот клуб, Бешикташ каде ново назначен менаџер е поранешниот...

РУТЕ: ЗА 3 МЕСЕЦИ РУСИЈА ПРОИЗВЕДУВА МУНИЦИЈА, КОЛКУ НАТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека...

СЕ СНИМААТ КАКО ДИВЕАТ СО КОЛИ А ПОТОА ПРАВАТ СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА

Порталот ТВ21 објави видео од кое се гледа сообраќајка...

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ