МЗ: ВМРО ДПМНЕ одбра да протестира каде лежат над 300 ковид пациенти, тоа е показател за нивната грижа за граѓаните и нивното здравје

0
410

Реакција на протестот на ВМРО ДПМНЕ

Министерството за здравство жали што опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, има за цел да ја спречи битката на здравствените работници и да ја спречи набавката на вакцини против Ковид 19. Ако на опозициската партија и беа важни граѓаните, пациентите, нивните семејства, лекарите, сестрите, другиот медицински персонал, ВМРО ДПМНЕ немаше да протестира на место каде има најголем број хоспитализирани пациенти во државата.

На само стоина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти. На само стотина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ, работат здравствените работници, макотрпно, без да се штедат, се борат со вирусот и им ја даваат потребната нега на болните. ВМРО ДПМНЕ денеска одбра да шири несигурност во Клиничкиот блок, наместо да ги остави лекарите и медицинскиот персонал да бидат концентрирани и посветени на пациентите.

Додека ВМРО ДПМНЕ смислуваа партиски говори, полни со лаги и обвинувања утрово министерот за здравство д-р Венко Филипче, со директорите на Ковид центрите зборуваше за обезбедување на нови легла за хоспитализација, ја дискутираа состојбата на пацинетите и кои им се потребите на Клиниките. Живееме во една од најсериозните здравствени кризи со кои се соочил светот, криза во која солидарноста меѓу земјите е издигната на највисоко ниво.

Во моментов во цел свет се води битка за набавка на вакцини, во цел свет има притисок врз болниците, во многу земји низ Европа, пациенти се префрлаат од една во друга земја, за да бидат болнички згрижени, нашите здравствени работници со натчовечки напори го дават максимумот да одговорат на потребите на пациентите. Министерството за здравство ја повикува опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да престане да го опструира процесот за набавка на вакцини измислувајќи сценарија, фалсификат документи и ширење лаги.

Министерството за здравство ја повикува опозициската партија да престане со протести обидувајќи се да шири немир меѓу болните, нивните семејства, здравствените работници и сите граѓани. Министерот Филипче нема да го одвратите од битката со Ковид 19, менаџирање на здравствниот систем и обезедување на вакцини за граѓаните.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство