Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

МЗШВ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА, ДОДЕЛЕНИ СЕ ДОГОВОРИ СО ВКУПЕН ИЗНОС ОД 10.094.050 ДЕНАРИ ЗА 54 ЗДРУЖЕНИЈА

МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 македонски здруженија.

Средствата се наменети за промотивни активности во земјоделството и руралниот развој. Ќе се организираат локални манифестации саеми и фестивали низ целата држава.

Целта е промоција на македонските производи, истакнување на малите фарми и производители и поттикнување на домашната економија.

Овие настани ќе помогнат традиционалната македонска храна да се доближи до младите, за да се зачува македонската автентичност, но и да се промовира на странски туристи во земјава.

Сите региони ќе бидат опфатени со манифестациите, а преку финансирање се овозможува поголема видливост на домашната храна, малите фарми, производителите што ја зголемува нивната шанса за пласман и препознавање.

Вакви манифестации и саеми го поттикнуваат економскиот развој на руралните средини, а локалните заедници ќе добијат шанса да се вклучат во економски и туристички текови.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена да ја зајакне локалната економија. Настани од ваков тип создаваат економска активност на локално ниво и отвораат можности за соработка.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за развојот на руралниот туризам, и овие манифестации и саеми се можност за туристите да ги запознаат локалните вкусови и обичаи. Македонија се позиционира како културна дестинација.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ