Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

МЗШВ: ИСПЛАТЕНИ НАД 340 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СУБВЕНЦИИ ЗА ОБЕЧЕЖАНИ ГРЛА ГОВЕДА

Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци.Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 2.1. од Уредбата за 2024 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4. од Уредбата за 2024 година или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5. од Уредбата за 2024 година.Грижата за земјоделците продолжува и понатаму.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ