Ме разбирате лозари што ви кажувам, нели? Како ве понижува власта, дали гледате?

0
1252

Полека се разбира играта на власта со „Повардарие“ во која лозарите се изиграната и изманипулирана страна.

Имено, измените на законот за вино директно влијаеа грозјето да се предава во Повардарие, визба со капацитет од 35 милиони литри вино односно над 45 милиони килограми грозје. По просечна цена од 12 денари за килограм, тоа се 9 милиони евра.

Од таа вредност 20 % или 1 800 000 евра наместо во пари, Повардарие ќе им ги исплати преку препарати и ѓубрива.

„Случајно“ газдата на Повардарие има и земјоделска аптека, па да претпоставиме 30% заработка, господинот директор на Повардарие, само од оваа компензација ќе заработи најмалку 600 000 евра. Или ќе ги дели со некој од власта.
А лозарите на децата дома ќе им однесат ѓубре и препарати… Ме разбирате лозари што ви кажувам, нели? Како ве понижува власта, дали гледате?

Фејсбук статус на Ленче Николовска