Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ
Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити најавува отпочнување на процедури за создавање нов заеднички политички субјект од коалицијата Влен.
-Од следната недела ќе започне процедурата за формирање на политички субјект Влен, кој ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници – изјавил Меџити.
Тој додава дека иако имињата на кандидатите за градоначалници на престојните избори се уште не се дефинирани.
-Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите кои бараат спојување на Влен во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на Влен. Ме интересира концептот. Не е важно кој ќе биде претседател – рекол тој во интервју за „Телеграфи Македонија“ и нагласил дека успехот на проектот е поважен од поединечните позиции.
Извор : Слободен Печат