Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

МЕЏИТИ, КАСАМИ И ИБРАХИМИ КОНТРА ТАРАВАРИ: НЕМАМЕ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО АЛИ АХМЕТИ

Изет Меџити, Билал Касами и Зекирија Ибрахими експресно се оградија од партнерот од Вреди, Арбен Таравари дека имаат канали за комуникација со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Демократско движење, Беса и Алтернатива се децидни дека немаат никаква соработка со ДУИ и со Ахмети.

Со ова трите партнери дополнително се дистанцираа од Таравари, откако со него се разидоа за тоа дали на претстојните локални избори наесен, треба да настапат на една листа како Вреди, наспроти предлогот на лидерот на дел од Алијанса за Албанците дека треба да одат со посебни советнички листи. Ова пак, ги продлабочи разидувањата во Вреди во пресрет на изборите, а толкувањата се дека Таравари прави простор да ја напушти Вреди.

Демократското движење (ДД) ги отфрла сите шпекулации дека има комуникација со претседателот на ДУИ Али Ахмети. ДД нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција.

Демократското движење јасно и недвосмислено се дистанцира од која било политичка структура која корупцијата ја претвори во владеење, а државата во алатка за лично богатење. ДД останува цврста во својата визија за чиста, некорумпирана и политика во служба на граѓаните – велат од партијата на Меџити.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

ФИЛИПЧЕ: ЗАСТОЈОТ НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ГУБЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната Комисија за...

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ