Фото : Изет Меџити фејсбук профил
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека неделава ќе одржи средба со владиниот партнер Арбен Таравари за да му се заблагодари за учеството во Владата и објавата на Таравари дека на премиерот ќе му објасни дека и тој станал жртва на некакви уверувања, се огласи и Изет Меџити од Вреди со порака дека конечно паднале маските.-Паднаа маските.
Протагонистите од латино серијата јавно го признаа она што го кажав многу пати досега: дека цело време имале таен договор за соработка.“ Протагонистите на серијата наречена „Падот на владата“ не успеаја.
Ниту бомбастичните говори, ниту жртвите, ниту сервилноста, ниту патриотизмот со тапани не помогнаа – напиша Меџити на Фејсбук.