Monday, February 17, 2025
2.8 C
Skopje

МЕЦИНОВИЌ ОД ЛЕВИЦА : ПРАТЕНИЦИТЕ КАКО ДА СЕ ВОЗАТ НА КЕРОЗИН, ЌЕ ПОДНЕСЕМЕ ЗАКОН ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

Левица предлага измени во Законот за пратениците со кој ќе се ограничат патните трошоци на пратениците во Собранието.

Пратеникот на Левица Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција во законодавниот дом кажа дека како антиестаблишмент партија бараат кратење на овие функционерски привилегии почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците.

-Ние не земаме ниту ќе земеме патни трошоци и сметаме дека е неопходно мнозинството да усвои рационален закон за нивно ограничување. Имено, познато е дека патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите и ова создава неверојатна фрустрација кај граѓаните. Нашиот предлог е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри на секои изминати 100 км, рече Мециновиќ.

Сметаат дека со овој предлог се нуди поприфатливо и пореално решение за патните трошоци, кое ќе биде прифатливо за целиот Парламент и ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет.

-Според законската регулатива, всушност пратениците сега земаат пари за амортизации, за патарини, земаат пари практично како да возат на керозин, а не на бензин. Така што едноставно со интервенција во Законот за пратеници треба да се стипулира многу експлицитно само 6,5 литри на изминати 100 км, ниту амортизации ниту цифри кои пратениците би ги измислувале. Сметаме дека тоа е доволно, затоа што ние не земаме патни трошоци не затоа што сме будали, туку затоа што сметаме дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци, а знаеме дека мнозинството нема да го прифати ако го предложиме во минатата форма како што беше во минатиот мандат каде всушност сакавме да го изедначиме со една автобуска карта. Значи тоа е модел кој што за нас е прифатлив, но затоа што мнозинствиото најверојатно не би го прифатило тој предлог, ние нудиме рационално и прифатливо решение за ова, затоа што фрустрацијата на граѓаните е јасна и мора веднаш да се реагира, рече Мециновиќ.

Во нивниот предлог не се опфатени кириите, туку само патните трошоци, бидејќи вели, намногу злоупотреби има кај нив. Според него, во моментов многу пратеници вешто и креативно постапуваат па земаат пола година патни трошоци, а пола година кирија, за како што вели, кога ќе дојдат пресметките за патни трошоци да не се најдат во топ 10 функционери кои го прават тоа.

-Ќе ви кажам интересна работа, нашите колеги пратеници повеќе се вреѓаат кога ги напаѓаме за патни трошоци, него ако им кажеме дека се слуги на олигархијата. Всушност нема што со нив да комуницираме, само преку јавен притисок и артикулирање на оваа тема може да се постигне некое решение, уверува Мециновиќ.

Тој посочува и дека нивните пратеници што доаѓаат надвор од Скопје, како Струга и Гевгелија, киријата сами си ја плаќаат.

ОВАА НЕДЕЛА

КАТАКЛИЗМА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ ЗАКИНТОС И КЕФАЛОНИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА

Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија...

ШТИПЈАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ПОП

Фото : Илустрација Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата...

ЗАЕДНИЧКА ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА НА МВР И ОПШТИНИТЕ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците...

ДОКОЛКУ КОРИСТИТЕ ФЕЈСБУК, ВНИМАВАЈТЕ НА ОВАА ИЗМАМА

Check Point Research (CPR) предупреди на нова кампања за...

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА НА СТРАЖА

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,...

СПОРЕД БЛУМБЕРГ ТРАМП САКА ДА ПОСТИГНЕ МИР ВО УКРАИНА ДО ВЕЛИГДЕН

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне...

ВЛАДАТА НЕДЕЛАВА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ НА КОМОРАТА НА ТРГОВЦИ

Министерството за економија и труд неделава се очекува да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ