Мехмети: Премиерот Никола Груевски се однесува како еден мал Милошевиќ

0
428

Осврнувајќи се на политичката криза, на големиот анти-владин протест и улогата која ја има премиерот Никола Грувески во севкупните политички случувања. Италијанскиот весник „Република“ бара објаснување од аналитичарот Мехемти зошто сето ова се случува.

kim-1-735x320

„Поради тоа што ја преобрази Македонија во недостојна за членство во Европа“, одговара Мехмети.

Како што пишува „Република“, скандалот кој сега го заплашува Груевски, е тоа што шпионирал 20 илјади активисти, опозиционери, новинари, службеници и најблиски соработници. За да се спротистави на опозицијата Груевски организира контра-протести.

„Македонскиот премиер се однесува како еден мал Милошевиќ: поранешниот српски диктатор исто така организираше десетици автобуси, за да стигнува народот на плоштадите“, вели Мехмети за италијанскиот весник.

Дипломатските претставници не гледаат брза разврска на политичката криза во Македонија, пренесува „Република“.

„Или ќе се урне власта или ќе се урне државата, бидејќи тие заедно не можат да продолжат на тој начин. Нардот треба да одлучи кој ќе преживее“, вели Мехмети.