МЕСИЌ : ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА

0
620

Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе придонесе за подобра соработка меѓу Скопје и Софија и следствено на подобрување на односите во целиот регион, вели поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.

„Во секој случај, тоа е неправда кон Северна Македонија и мислам дека соседните земји треба да направат нешто на дипломатско ниво, така што договорот меѓу Скопје и Софија е во корист на подобрување на соработката во целиот регион.

Затоа, Бугарија ќе мора да преземе се за да се реши спорот по дипломатски пат, но и сите недоразбирања што постојат меѓу балканските земји, вели Месиќ во интервју за „Индекс.мк“.

Месиќ рече и дека е убеден дека вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе придонесе за подобра соработка меѓу Скопје и Софија и следствено на подобрување на односите во целиот регион.